- Филетите или котлетите од сом посолете малку. Може и сосема е доволно да се осоли само едната страна.
- Одвојте ги жолчките и белките.
- Со жица изматете ги жолчките, додадете го пивото, брашното и солта и направте смеса слично како за палачинки.
- Белките изматете ги во снег додавајки во нив сол за да биде поцврста белката и сок од половина лимон за да биде сјајна. Потоа внимателно со лажица измешајте во смесата од жолчките внимавајки да ни ви спадне снегот од белката. Така ќе биде повоздушеста смесата за панирање.
- Секое парче од рибата прво извалкајте го во остро брашно, а може и пченкарно, потоа брцнувајте во смесата за панирање, пржете во малку подлабоко масло, нека заруменее од двете страни и вадете на салвета.
Послужете со компир салата, рестован компир, за макање поставете и Тар Тар сос, останува вие да си изберете.
Напомена
- Кога ќе ги пржите похованите парчиња, потрудете се да се пржат прво од една страна, потоа од другата - Ќе згрешите ако ги превртувате постојано. Смесата за панирање не е ниту на вкус иста (не е воздушеста) ниту рибата на изглед и вкус иста. Ако правилно се пржи месото од рибата внатре е сочно. Ако малку се пропржи на едната страна, ги свртувате и повторно да ги превртувате и пропржувате- тогаш тоа прежење е погрешно. Правило при оваа смеса, која се нарекува Орли, е да се пржи прво од едната страна, потоа од другата и толку....Како што кажав, погрешното пржење ќе даде несакан резултат, ќе биде невкусна панировката, а месото одповеќе мрсно што е штета да навистина се згреши при пржењето. Јас така знам, така и пишувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани