Интересна идеја за поховани даски, пирошките се вкусни, а брзо се прават.
Количината на состојките сами си ја одредувате, во зависност од колку пирошки сакате. Од една кора излегуваат две пирошки.
Најпрво корите ги варите 4-5 минути. Наредете ги на намрсена хартија или фолија. Кога ќе се оладат може да почнете да ги правите.
Кората танко премачкајте ја со крем сирење, ставете кашкавал, салама, пак крем сирење и свиткајте ги во ролат. Секое ролатче пресечете го на половина.
Наредете ги сите на некој тањир и ставете ги во замрзнувач саат, два.
Потоа стандардно, брашно, јаце, па во презла измешана со сусам и пржете ги на не многу силен оган, да заруменат од сите страни.
Ставете ги на хартија да се исцедат, а потоа уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови