Пригответе ги прво смесите за полнење
1. Остаток од сосот болоњезе или пак намерно го направете, сигурно си имате ваш рецепт, а го има и тука напишано.
2. Исецкајте го пилешкото месо и ставете на оган да се пржи притоа зачинувајки го по ваш вкус. Тргнете на страна да се олади.
3. Изронете сирењето или пак доколку имате сува урда, додадете јајце и магдонос, досолете доколку не ви е солено - измешајте
- Изматете ги јајцата во поширока чинија
- Истурете ги и лебните трошки во плиток поголем тањир
Палачинките пригответе ги по ваш рецепт (тука има многу рецепти за палачинки)
Земете палачинка - ставете од вас изберен полнеж за нив, замотајте ги така што ќе ги преклопите прво страничните страни, а потоа мотајте ги. Ставете ги во јајцето, потоа поминете ги низ презлата и ставете да се пржат на веке згреано масло. Испржени вадете и ставајте на салфета за да се впие вишетокот на маслото.
- Доколку ги полните со прженото пилешко месо откако ќе го ставите месото на палачинката, одозгора посипете со рендан кашкавал, замотајте и поховајте - потоа на пржење.
За да бидат различно поховани можете да во еден дел од презлата измешате со сусам.
Драги мои, ова и не е некој рецепт, повеќе е идеја како да искористиме некој остаток од приготвувано месо, или пак едноставно намерно да си наполните и поховате барем со сирењето или урдата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани