Во подлабок сад се ставаат сувите состојки за кексот и се мешаат.
На страна во малку помал сад се разматуваат јајцата и во нив се вмешуваат шеќерот, млекото и маслото, па се додаваат во сувите состојки и со помош на жица за матење убаво се мешаат.
На крај се додаваат ренданите јаболка и повторно убаво се меша.

Смесата се истура во намастена тава за печење 20х30 и се печи на 180С 30-40 минути, зависно од силата на рерната.

Во тенџерче се ставаат состојките за преливот, од кои чоколадото и маргаринот иситнети. Се загреваат до степен на вриење со повремено мешање се додека сите компактно не се соединат.

Печениот колач се сечи на коцки и се прелива со преливот.
Се остава преку ноќ убаво да се впие.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани