Сварете ги макароните и потоа исцедете ги.

Во тенџере на рингла ставете го путерот и во него запржете го брашното.

Додадете ја павлаката, млекото, зачините и посолете.

Мешајте на умерена јачина на ринглата додека се згусти.

Тргнете од рингла и измешајте ги јајцата компактно.

На крај додадете го сирењето издробено. Сирење можи ако сакате и да си придодадете или одземете спрема вкус.

Сето ова измешајте го со макароните и ставете го во намастена тава.
Запечете ги во загреана рерна на 200С додека не фати златеста боја. Кај мене отприлика одеше некои 15на минути.

Можи да користите само млеко или само павлака за готвење за бешамелот. По правило на 2 и пол шолји за млеко треба да одат 4 лажици брашно (мене ако ме прашувате – рамни). Ако се решите да го правите само со павлака, тогаш намалете со брашното, барем на половина претпоставувам. Таа е погуста и сосот ќе ви го направи многу густ за разлика од млекото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани