Да ве почестам со една потковица со одличен вкус.
Се мати маргаринот со шеќерот и ванилата.
Откако е добро изматено, се додава јајце по јајце. Ако се мали јајцата додадете едно плус. Потоа додадете ги останатте состојки и матете полека.
Кугловот премачкајте го со путер и постепено додавајте од смесата. На пола смеса полејте го мармаладот и доставете ја останатата смеса.
Ставете го куглавот да се пече вопретходно загреана рерна и печете на 200 степени околу 20 минути.
Намалете ја температурата и печете уште 10мин.
Кога е готово извадете и оставете да излади.
Премачкајте ја површината со мармалад.
Слатката павлака изматете ја до посакуваната густина.
Премачкајте ја потковицата, а потоа декорирајте ја со кандирани висни и листови од фондан.
Вкусен колач кој топло ви го препорачувам.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови