Нашата традиција со постапалките продолжува.
Мојата мила внукичка Нина денес доби полно постапалчиња, нека трчка...
Ги замесивме на следниот начин
Во сад ги изматив прво јајцата со шеќерот, со миксер,а потоа ги додадов останатите состојки.
Кога дојде ред за брашното,го месев комплетно со остатокот од состојките.
Добив убаво мазно тесто.
Го разделив на повеќе топчиња и од секое топче развлекував кора со дебелина од пола прст.
Со модлата во вид на ноже,вадев формички кои ги редев на хартија за печење.
Веднаш ги печев во загреана рерна.
Не ги оставав многу да се печат,само колку да пожолтеат.
Штом малку добојат боичка ги вадев.
Ладни ги декорирав со готови бои.Можете да ги декорирате со разматена белка и шеќер - шам.во која ќе ја додадете саканата боја.
Ние го направивме адетот. Ако ви е потребен овој рецепт,послужете се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови