1. Се ставаат на огин да се растопат водата, шеќерот, маргаринот и чоколадото.
2. Се додаваат лешниците и бадемите
3. Се додава таан алвата издробена на покрупни парчиња
4. Се додаваат и бисквитите и сусамот претходно потпечен и се заедно се соединува
5. Во триаголен калап обложен со стреч фолија или обично најлонче, намрсено со малку масло се истура смесата и се порамнува, па се остава да се излади 3-4 часа во фрижидер (излегуваат два калапа)
6. Глазурата од црно чоколадо со малку масло се растопува на пареа или во микробранова печка и со него се полеват двата калапа
7. Откако малку ќе се излади глазурата се декорира со бело чоколадо (растопено на пареа или во микробранова печка со 1/2 лажица масло), и со него се декорира по желба тоблеронето, а потоа се сечат парчиња со дебелина околу 1 см

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани