Прво го подготвуваме тестото.
Во вангличка ги ставаме сите состојки и замесуваме мазно, нелепливо тесто.
Го делиме на 4-6 топчиња, кои ги расукуваме во мали корички и ги премачкуваме со масло.
Ги редиме на послужавник, ги покриваме со прозирна фолија и оставаме тестото да одмори.
Сега го подготвуваме филот.
На загреано масло ја пржиме ситно сецканата главица кромид, додаваме мали коцки од компир или рендан компир, на крупната страна на рендето, , сол, бибер.
Соединуваме.
На масата ставаме чаршав врз кој ќе ги тегниме коричките.
Ја земаме првата коричка, со сукало прво малку ја рашируваме.
Потоа со рацете ја тегниме од средината према краевите.
Ако има задебелени крајчиња по крајот ги одстрануваме.
По истегнатата кора расфрламе од филот.
Со помош на чаршафчето завиткуваме ролатче, па полжавче.
Секое полжавче одозгора го порскуваме со малку масло.
Печиме околу 25 минути во загрена релна на 200 с.
Послужуваме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани