За нашата слава ги направив овие триаголници. Брзо се прават и многу вкусни. Може да се смени полнењето со сирење, но мене со компир ми се најубави.
На малку масло го запржуваме кромидот, потоа го дадаваме варениот компир исецкан на коцки посолуваме додаваме бибер и убаво промешуваме.
Во 100 мл топла вода го ставаме квасецот, шеќерот и 2 супени лажици брашно да нарасне 15 минути, а потоа го додаваме маслото, киселата вода, пивото сол, 3 супени лажици брашно и се убаво промешуваме.
Корите ги делиме на половина од 8 кори ќе добиеме 16.
Се зема кората се премачува со смесата од квасец се преклопува на половина по должина пак се премачкува со смесата ,а на долниот дел се става фил и се витка триаголник и се така додека се потрошат корите.
Секој триаголник се премачкува и одозгоре од смесата со квасец и се наросува со сусам.
Се печат на 200 степени додека добијат убава румена боја.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови