Посни солени кифлички, со вкус како од пекара, а меки како душа, пробајте ги!
Се замесува тесто од сите состојки и се остава да стаса. Потоа тестото се дели на 50 топчиња, се расукуваат и се прават кифлички. Се редат во плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат со четкичка со жешка вода, се посипуваат со семиња по желба и се печат во загреана рерна, на 200 степени околу 20тина минути, додека не добијат баш ваква боја.
Се вадат од рерна и со четкичка се премачкуваат со малку масло. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови