- Во 100 мл. млака вода растворете го квасецот, ставете половина од шеќерот и една лажица брашно. Разматете и оставете да стаса.
- Во стасаниот квасед додадете ја ванилата, ренданата кора од лимон, солта, остатокот од вкупната количина на водата и киселата вода, почнете да додавате од брашното замесувајки меко тесто, слободно со раката подигајте го тестото влечејки го кон вас, спуштете го и пак влечете, домесете го со маслото. Треба да добете меко, но не лепливо тесто. Покријте и оставете да го дуплира обемот.
- Извадете го тестото на побрашнета површина, кратко размесете, оставете 2-3 мин. да се одмори, расукајте кора во дебелина на прст. Со модла или чаша вадете крофните, остатокот премесете,  оставете пак малку да стаса и повторно расукате. Повторно вадете крофни и се така додека не го потрошите целото тесто. Оставете ги крофните да стасуваат околу 10 мин.
- Загрејте го маслото, намалете ја температурата и ставајте од крофните да се пржат така што горниот дел од крофната при ставањето во маслото ќе дојде надоле. Покријте со капак 2-3 минути така да се пржат, откријте, продолжете да ги пржите. Значи сите на овој начин ги пржите. При пржењето внимавајте на огнот, доколку се прегрева и на намалена температура, додадете малку масло за да не е толку врело. Крофните вадете ги и ставајте на салфета да се впие вишокот на маслото, иако речиси и го нема, но за секоја сигурност. Оладени посипете сошекер во прав.
Напомена
- Некогаш го спремам квасецот како што напишав погоре, а најчесто ставам брашното во ванглата, потоа течните состојки, го ставам квасецот веднаш и го растварам, продолжувам да додавам од течните состојки и месам. Со раката се повеќе подига и влече тестото отколку што се меси. Не плашете се, откако ќе го додадете маслото веќе дозволува да го оформите. Токму таа мекост го дава крајниот резултат.
- Овие крофни би ви предложила да ги вадите со помали модли, многу нараснуваат и внатре се мнооогу шупликави.
- При месењето внимавајте на брашното бидејки не знам ни сама колку пати сум ги правела, секогаш не е иста количината на брашното, значи зависи од кое брашно користите. Овие ги правев од наменското брашно за кисели теста и за прв пат е точно како што е во рецептот, ниту одземав - ниту додавав.
- Овие крофни не се полнат внатре, туку при пржењето, пред да се стави да се пржи вниматело на горната страна со прстите се прави површински вдланување, се ставаат да се пржат и во таа вдлабнатите која ќе се оформи се става од мармаладот или кремот.
- Убава е аромата ако се стави поголем дел рендана кора од лимон, а малку од портокал...
Помошни фотографии нема овде - во друга прилика денски кога ќе ги спремам ќе сликам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани