Тортичево е преубаво, многу ровко и вкусно, а посно...
За кората само измешајте ги состојките и еднакво поделете ја смесата на два дела Смесата ставете ја во не многу голема правоаголна тава прекриена со хартија.
Печете на 200 степени, времето на печење зависи од рерната (проверете со дрвена чепкалка).
Истото направете го и со другата половина од смесата.
За филот, од водата одвојте малку, а другата ставете ја на оган заедно со шеќерот да зоврие.
Растворете го пудингот во одвоената вода и сварете го. Кога ќе биде готов, исклучете ја ринглата и во пудингот додајте ги оревите, убаво измешајте, па додајте го чоколадото. Тргнете го настрана и оставете го да се излади.
Откако ќе биде ладно измиксајте го со маргаринот.
На рамна подлога, ставете ја првата кора (претходно не ја вадете хартијата, затоа што е многу меко, ровко, само префрлете ја, хартијата да ви биде одозгора, а потоа извадете ја.
Премачкајте ја кората со половината од филот, а потоа на истиот начин ставете ја и другата кора.
Одозгора ставете ја и другата половина од филот.
Украсете по желба и откако ќе се олади убаво, сечете коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови