Во сад ставете ја водата, треба да биде млака, шеќерот и квасецот промешајте додека да се растопи квасецот и шеќерот.
Додадете го и маслото и додавајте брашно додека да добиете средно глатко и мазно тесто.
Оставете го да стаса тестото.
За тоа време го подготвуваме полнењето.
Јаболкото го лупиме и рендаме ги ставаме во тенџере или касерола го додаваме шеќерот, маргаринот и гризот. Ги динстаме на рингла додека да омекнат околу 7-8 минути. Тргаме на страна да се изладат.
Стасаното тесто го делиме на 14 дела.
Секоје парче го формираме во круг.
Земаме едно парче го рассукуваме со сукало во должина малку и во ширина на почетокот ставаме една лажица од филот и замотуваме во кифла. Страните на кифлата и не мора убаво да се затворени полнењето не излегува при печење.
Готовите кифли ги редиме на хартија за печење или намрсена тава.
Ги оставаме да појдат околу 15 -20 минути и ги печеме во претходно загреана рерна на 200 степени. По желба кога ќе оладат можете да ги наросите со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови