Оваа посна верзија на браунис дома ни е омилена. Се подготвува брзо и лесно со само 3 состојки, а вкусот е преубав.
Рерната се загрева на 180 степени. Тава со големина 22 х 22 се премачкува со кокосово масло за да не лепи.
Се пасираат бананите со вилушка, се додава путерот од кикирики и се мешаат да се соединат. Потоа, постепено се додава какаото во прав со цимет и се заедно се меша да се добие убава смеса без траги од прав.
Се истура смесата во тава и се пече 20 минути.
Се сече дури откако целосно ќе се олади.
Може да користите било каков путер од јатки, а исто така може да стопите црно чоколадо и да ги полиете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови