Основно посно тесто за погачи, кифлички, и дуги работи што ќе замислите да си направите. Оваа погача нема никакви додатоци, вам ви останува да изберете што ќе ставите, а самата погача е мека како душа.

1. Состојките за квасот измешајте ги и оставете да се активира.
2. Просејте го брашното (прво земете 600 гр.), додатете ги во него солта и шеќерот.
3. Штом ќе втаса квасот, истурете го во вангличе, додадете ја останатата вода и маслото, па постепено ставајте го претходно просеаното брашно, замесете но зависно од брашното додадете по потреба колку треба, тестото да биде меко и нелепливо.
4. Оставете го да стаса 10-15 минути.
5. Потоа тестото измесете го малку, поделете го на онолку парчиња колку што сакате да има топчиња. Формирајте ги топчињата, натопете ги во малку масло и редете ги во намрсено тенџере (за погачата да биде повисока), оставете го да скисни убаво.
6. Во меленото ленено семе ставете малку вода да покисне, со него премачкајте одозгора и наросете со сусам. Ова со лененото семе не е задолжително.
7. Стасаната погача печете ја на 200 степени околу 20 минути и уште 10 минути на 180 степени, заивисно од ререната.

Мојата драга пријателка Лилјана е заслужна за овој рецепт кој несебично го сподели со мене, а јас со вас. Може да правите разни варијанти со тестото, а јас моите ќе ги презентирам постепено. Лиле, ти благодарам премногу!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани