Драги мои пријатели еве точно 5 години како сум дел од оваа прекрасна дружба.Во ова ладно,зимско,празнично утро ќе поставам рецепт за посна прекрасна погача.
Можеби некому ќе му послужи како идеа за претстојните посни слави

Прво загреваме 100 мл кисела вода.
Го додаваме квасецот, лажиче брашно и лажиче шеќер.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, остатокот на шеќер, сол, маслото и останатите 400 мл кисела вода.
Промешуваме и додаваме брашно.
Замесуваме мазно, нелепливо, понамеко замесено тесто.
Го покриваме со прозирна фолија и го оставаме да се дуплира.
Потоа без размесување го делиме на парчиња.
Формата која ќе и ја дадиме на погачата може да биде по сопствен избор.
Еве јас вака направив.
Во средината на округла тава бр 26 (јас правев погача од половина доза на состојките, значи ако се прави од цела количина ќе треба поголема тава или пак подлабоко тенџере) ставаме едно топче тесто, врз кое поставуваме мала мрежичка од тесто.
Од еден дел на тестото сучиме кора и со модла вадиме кругови.
Секое кругче го преклопуваме на половина, па на четвртина.
Ги редиме околу округлото топче тесто.
Сега земаме две помали парчиња тесто и правиме долги форми, како молив.
Повторно земаме две парчиња тесто и ги расукуваме во правоаголна форма, која ја засекуваме во средината.Засеците се одприлика на 1 цм.Сега земаме едно засечено парченце го префрламе преку другото,пак земаме засечено парченце и го префрламе преку другото...
Со преклопување едно врз друго мало засечено парченце, формираме плетеница.
Нив ги поставуваме врз долгите парчиња тесто.
Убаво со рака ги формираме и ги поставуваме од двете страни на четвртинките кои се веќе поставени во тавата.
Кај спојот на двете парчиња поставуваме ружички од тесто.
Со остатокот на тесто ја опточуваме цела погача.
Ја премачкуваме со 20 гр растопен маргарин или 1 лажица масло.
Ја оставаме да кисни 30 минути,
Потоа ја печиме во загреана релна околу 30 минути.
Ја оставаме на решетка да се излади, па ја сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани