За подготовка на овој прекрасен десерт не ни е потребен миксер.
Или можете да го користите како рачна маталка.
Ставете ги џемот и бананата и пасирајте.
Додадете го сокот од портокал, а потоа и водата.
Доставете го сувото грозје, шеќерот и зачинете со ванилата и циметот.
Брашното помешајте го со пецивото,па полека со попрскување сипете го во смесата.
Така соединета смесата налејте ја во калапче кое претходно сте го намастиле и попрскале со брашно.
Ставете да се пече.
Не ја отварајте рерната при печењето.
Откако е печеноизвадете од рерна и оставите да излади.
Попрскајте суво грозје врз цел калап,а потоа налејте ја растопената бела чоколада.
Декорирајте по сопствен вкус.

Забелешка
Колачот е убав секако, но неговиот вистински вкус ќе го добиете кога ќе го вкусите после еден ден.
Така отстоен е прекрасен.
И уште нешто. Оставете да се излади убаво, потоа ставете суво грозје и стопена чоколада.
Ако ја забрзате постапката, само ќе добиете подживнат колач.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови