Уште едно посно, вкусно десертче :)

Во тенџере ги зовриваме водата, шеќерот и ванилата. Нека поваријат 2-3 минутки и ја исклучуваме ринглата.
Го додаваме маргаринот, чоколадото и алвата-убаво издробени и мешаме убаво додека целосно не се стопат состојките.
Тргаме од рингла и ги додаваме оревите, изедначуваме.
Ги додаваме и бисквитите. Мешаме.
Го оставаме да се излади филот, но не целосно, да биде млак, за да може лесно да се размачкува на листовите обланда.
Листовите ги сечеме попречно на две, значи добиваме четири листа.
Филот го делиме на три дела.
Го мачкаме секој дел, последниот не.
Одозгора ставаме нешто потешко, како на пр. дрвена даска.
Оставаме 2-3 часа, да се залепат убаво листовите и се излади убаво филот, па сечеме.
Глазура може, а и не мора.
Ако ги замениме посните состојки со мрсни-млеко,путер, чоколадо,бисквити добиваме мрсен десерт.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани