Измиениот компир го ставаме во касерола и го вариме на тивок оган.
Кога е готов го лупиме и го сецкаме на коцки.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за дресингот.
Сега во сад ги соединуваме ситно сецканиот праз, млад кромид, маслинките, магдоносот, изладените компири.
Го додаваме дресингот убаво изедначуваме, да се обложат сите состојки.
Оставаме во фрижидер 20 минути, па ја послужуваме.
Јас во мојот дел додадов семки од тиква и сончоглед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани