Во еден сад ги соединуваме ренданото чоколадо, брусницата, бадемите, фстаците, лешниците.
Во мала касерола ги растопуваме маслото и маргаринот.
Земаме прва кора, со четка ја премачкуваме со маснотијата.
Врз неа ставаме втора кора и неа ја премачкуваме.
На почетокот на корите ставаме од подготвеното полнење (јас ставав по 5-6 лажички, има доволно за сите кори)
Завиткуваме ролатче.
Го ставаме во плех кој претходно е намастен.
Постапката е иста со сите кори.
Јас добив 8 ролати (16 кори имав)
Сега ролатите ги сечеме на парчиња, одприлика по 4-5 цм.
Ја печиме баклавата на 170 степени, околу 40 минути.
Оставаме потполно да се излади.
Во касерола ги ставме шеќерот, водата, зрната кардамом (извадени од мешунките).
Од кога ќе почне да вари шербетот, вариме 7-8 минути.
На средина на варењето додаваме кругови лимон.
Изладената баклава ја попаруваме со врелиот шербет.
Оставаме на ладно најмалку 5 часа, па потоа послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани