За филот ситно се сецкаат оревите-во нутрибулет. Чоколадото се ренда. Се‘ се става во длабок сад со останатите состојки за фил и убаво се соединува, меша.

Маргаринот се растопува на тивок оган и се додава маслото. Се меша да се соедини.

Корите ги отвораме и ги делиме на подеднакви делови од 5 кори.
Кај мене имаше 4 дела и 1 кора остана отповеќе.

Ставаме една кора, се премачкува убаво со мрснотијата и се попрскува со филот.
Потоа врз првата кора се става втората кора, но со 1 цм. подолу од почетокот на првата. Се премачкува со мрснотија и се прска со фил.
Се става трета кора, повторно 1 цм. подолу од почетокот на втората и се повторува постапката со мрсно и фил.
Се става и четврта кора и таа 1 цм. подолу од третата, се премачкува со мрсно и попрскува со фил.
Се витка ролат.
Целиот ролат се става врз една кора која е убаво премачкана со мрсно и повторно се рола.
Се сечат парчиња со ширина околи 1,5 - 2 цм..
Се редат во тава за печење.

Постапката се повторува со останатите три дела од корите.
Сите добиени ружички се премачкуваат со останатата мрснотија.

Се ставаат да се печат во загреана рерна на 160 степени додека убаво поруменат.

Се остава баклавата целосно да излади.

За шербетот се зоврива водата, шеќерот, ванилата, каранфилчињата. Штом зоврие се додава лимоновиот сок и се вари на умерен оган, 15 мин..

Се остава 5 мин. да одмори шербетот и со кутлача, убаво ружичка по ружичка се заливаат од шербетот. Се остава да отстојат ружичките и убаво да впијат од шербетот. Повремено се превртуваат од едната и другата страна, за подобро да впијат.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани