Во сад најпрвин го вариме кафето(турско) и го процедуваме.
Во процеденото кафе го додаваме чоколадото и пак го враќаме на тивок оган за да се стопи и ги додаваме какаото измешано заедно со шеќерот во прав.
Ја оставаме смесата да се подизлади и го додаваме румот.
Го правиме филот.
Во подлабок сад ги ставаме шеќерот во прав и со миксер ги биеме заедно со маргаринот.
Го додаваме кокосот и уште еднаш убаво промешуваме за да се изедначи смесата.
На најлонска фолија ја ставаме прво темната смеса и ја покриваме со најлон. Со сукало формираме квадратна форма,ја тргаме фолијата и ја нанесуваме белата смеса,односно филот.
Израмнуваме и виткаме ролат со помош на најлонска фолија што е одоздола.
За полесно формирање на ролатот, најдобро е смесите да ги поделите на половина и да се направат два ролати(помали) за полесно и поубаво формирање на истите.
Ако ви е желба можите и да ги чоколадирате.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови