Овој колач не само што е без брашно, туку е и посен, и е еден од највкусните посни колачи што сме ги пробале, сочен и многу вкусен...
За овој колач јас користев мешано малини, капини и рибизли, меѓутоа може да се направи само од еден вид на овошје.
Во длабок сад ставете го овошјето, ванилиниот шеќер и шеќерот, а потоа ставете го на оган на тивко да почне да врие.
Во 50 мл сок од овошјето растворете го густинот и додадете го во садот, варете 5 минути додека се згусне.
Половина од овесните снегулки (100гр) сомелете ги да станат како брашно, па промешајте ги со остатокот од снегулките, оревите и лешниците, прашокот за пециво и шеќерот.
Додадете го сокот од портокал и водата и промешајте убаво, смесата ставете ја во тавче (20х27) во кое сте ставиле хартија.
Преку смесата ставете го овошниот фил, врз нив и посипете со овошни снегулки и печете на 180 степени 20 минути.
Печениот колач оставете го да се излади убаво, за да можете да го сечете, бидејќи откога ќе се излади се сече убаво.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови