Еве и од мене еден посен колач без масло кој мислам ќе ви се допадне, посебно за оние што постат.
Во подлабок сад го ставаме брашното,шеќерот и сувите состојки.
Водата ја додаваме постепено и мешаме за да се изедначи смесата.
Потоа ги додаваме оревите, урмите и бадемите пак промешуваме и последна ја додаваме кората од портокал.
Колачот го печиме во тркалезно тавче наросено со брашно бр.30
Печиме на 190 степени околу 20-25 минути.
Колачот го вадиме од рерна ги премачкуваме со мармаладот и пак го враќаме во рерна уште 5 минути и потоа го вадиме и го оставме да се излади. На колачот наросете сецкани ореви.
По ваша желба и вкус можете да додадете нешто во тестото плус или да изоставите. Јас бидејќи не го обожавам сувото грозје го изоставив, а во старата тетратка беше запишано.На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови