За време на пост е одлично засладување без грижа на совест, плус не одзема многу време за подготовка.

- Се блендираат бананите, заедно со јаболкото, оризовото млеко и медот.
- Во сад се соединува брашното, рогачот, какаото, содата и пецивото.
- Мокрите состојки се додаваат во садот со суви и се се меша до соединување.
- Тестото се истура во помал плех, обложен со хартија и печеме 25-30 минути на 200Ц. Се лади комплетно.
- Во блендер се блендираат состојките за кремот до добивање на мазна смеса.
- Со добиениот крем се премачкува оладениот колач.

Напомена
Доколку тешко ви се блендира кремот додадете повеќе млеко или кокосово масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови