Посен десерт кој доаѓа од Словачка.
Интересен спој на состојки, за мене перфектен.
Еве ја подготовката.
Во сад на оган ставете ја водата да се загрее, но не да зоврие.
Додајте го медот и кокосот, а потоа зачинете со цимет.
Тргнете на страна и додајте го кускусот.
Благо промешајте и оставете 5 до 6 минути.
Штом се згусне смесата, распоредете ја во чашички (јас ставив во тегличка)
Редете ред кускус, па ред банани сецкани на кругови.
Редете така додека ја потрошите смесата.
Горниот последен ред нека биде банана и наросете со цимет.
Јас уживав во овој десрт, а вие пробјте па кажете.

Забелешка
Овој посен десерт, може да замени комплетно еден убав појадок

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови