1. Портокалот се ренда, се додава 600 мл. вода и се вари.
2. Кога ќе зоврие, се трга од оган.
3. Кршејќи го, во смесата се додава и чоколадото.
4. Потоа се додаваат мелените бисквити пополека.
5. Се меша брзо со жица, и додека мешаме го додаваме маргаринот исечен на коцки.
6. Мешаме интензивно додека целата смеса да се изедначи. Треба да биде густа и да се остави малку да се излади.
7. Потоа се филуваат корите од обландите.
8. Се реди – кора, се премачкува со неколку лажици мармалад, па се става фил и така се редат сите кори, со тоа што најгоре оди последната кора.
9. Додека филуваме, внимателно притискаме врз секоја ставена кора за впивањето на филот да биде подобро.
10. Готовата обланда прво се остава на ладно еднаш да се стегне, а потоа се става во замрзнувач за подобро да се исече на парчиња и да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови