Активирајте го квасецот со малку шеќер, брашно и мешавина од млеко и вода. Во длабока вангла ставете го брашното и во средината додадете ги сите состојки и замесете меко и еластично тесто. Покријте го со крпа и оставете го на топло да нарасти.
Потоа премесете го и формирајте кора со дебелина од околу 1 см и со помош на кружна модла или чаша вадете форми. Чашата/модлата за да не лепи можи да ја макате во брашно или пак во мешавина од половина чаша топла вода и 2 лажици масло. Извадените форми покријте ги со крпа и оставете ги повторно да нараснат, околу половина час, повеќе или помалку во зависност од собната температура.
Пржете ги во умерено загреано масло најпрво од горната страна, па потоа превртете ги и од другата.
Пржените крофни одложете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија и потоа извалкајте ги во шеќер. За сервирање по желба можи да ги прелиете и ишарате со бел и црн чоколаден прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови