Се ставаат сите состојки во подлабок сад за месење и се изработува тесто.
Тестото веднаш се растанчува на набрашнета работна површина и со широка чаша или калап се вадат кружни форми.

На едната страна се става малку мармалад (околу половина лажичка), а со другата се преклопува и убаво се стиска на краевите.

Се редат во плех и веднаш се печат многу кратко време на 170С, само колку малку да заруменат.
Топли се прпелаат во шеќер во прав.

Јас не сум баш некој голем љубител на ваквите колачи, но овие ми се феноменални, не можам да престанам да јадам од нив. Рецептот е од вкусната кујна на мојата вујна, а таа пак вели дека ги прави на друг начин... зема топчиња од тестото колку орев големина ги расплескува танко и потоа става мармалад и ги преклопува. Па, како ви е полесно така работете ги, битно е дека се многу вкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани