Вкусен полнет леб, радост за внучињата. Инаку го правам и во други варијанти, потпечен со кашкавал и маслинки, со лукче итн, зависи што имам во фрижидерот.

Подготовка

Засечете го лебот на парчиња, но не до крај.
Додадете парчиња сирење, врат и бело сирење меѓу парчињата.
Ставете малку путер меѓу и одозгора.
Додадете сецкани маслинки меѓу парчињата.
Додадете малку оригано.
Завиткајте го лебот во алуминиумска фолија.
Ставете го за печење во загреана рерна околу 15 минути на 200 Ц. Отстранете ја фолијата и печете уште неколку минути.
Тоа е тоа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови