Брз за подготовка, сочен и многу вкусен омлет. Намирниците се однесуваат за една порција омлет.

Најпрво, се припрема омлетот. На мала количина загреано масло се пржат претходно разматените со виљушка и посолени јајца. Омлетот треба да е цел и доколку стравувате да го префрлувате од другата страна како што се пржи палачинка и дека може да ви се растури, без гајле, и да е малку жив, понатаму ќе се допекува во рерна.
Врз приготвениот омлет се ставаат прво зденките, гаудата и на крај парчињата шунка. Целиот омлет се преклопува на пола, се префрлува во намрснето плехче и од горе му се става парчето ајдамер.Се става во загреана рерна на 200степени, околу десетина минути или додека не се растопат кашкавалите.
Се послужува топол и се ужива.
Добар аптетит.

забелешка- топеното сирење може да биде и со некој вкус. Во мојот омлет јас распоредив топено сирење со вкус на пиперка и испадна многу вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови