Ова е брзо подготвен оброк кој може да си го направите по вкус и желба. Јас го искомбинирав со посни состојки и многу ни се допадна.

Подготовка
1. Гравот и туната ги цедиме од течноста и ги ставаме во еден сад.
2. Магдоносот и кромидот ситно ги сечкаме, а доматот го сечкаме на мали коцки. Ги додаваме во садот.
3. Авокадото го сечеме на половина, му ја отстрануваме семката и го длабиме со лажичка. Срцевината може да ја сечкаме или пак да ја испасираме. Ја мешаме со останатите состојки.
4. Додаваме зачини и маслиново масло по вкус.
5. Сите состојки ги соединуваме и со нив ги полниме половинките од авокадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани