За љубителите на тиквички еве еден здрав, посен и вкусен ручек..

Подготовка
1. Просото, хељдата и мешавината за супа се прелеваат со вода и се варат. Откако ќе се сварат ако има вишок течност се процедува.
2. Кромидот го сечкаме на ситно и го запржуваме, кратко до застаклување. Ги додаваме сечканите печурки и нив ги упржуваме. Ги додаваме варените житарки, промешуваме и зачинуваме. Сосема на крајот го додаваме сечканиот магдонос.
3. Тиквичките ги лупиме, ги сечкаме како за полнење и им ја вадиме внатрешноста. Ги редиме во намрсено тавче, ги полниме тиквичките со подготвената смеса. Срцевината од тиквичките ја ставаме во блендер или нутрибулет за да ја сомелеме, со 1 лажичка мешан сув зачин. Тоа што ќе остане од смесата со хељда го промешуваме со блендираната срцевина од тиквичките и го соединуваме , па распоредуваме околу тиквичките во тавата.
5. Печеме на 180-200 степени во рерна додека тиквичките да омекнат и испари вишокот течност.

Забелешка
Користев од оваа мешавина за супа, а вие можете да си додадете само крупен мешан сув зачин или пак свежи моркови, целер, пашканат и сл.
Кога ќе ги сечкаме тиквичките нивната висина си ја прилагодуваме по желба, ама гледаме и да има доволно мастраф за полнење.
Можете и целото тавче да го наредите со полнети тиквички, па да не ви остане од смесата за околу нив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани