Брз, едноставен летен ручек.
На измиените пиперки им ги отстрануваме дршките и ги чистиме од семки.
Во еден сад ја ставаме урдата и 4 јајца и се заедно мешаме. Ако урдата не е солена треба да се додаде сол. Ги полниме пиперките и ги редиме во подмачкан плех со зејтин. Ги премачкуваме пиперките одозгора со зејтин. Се печат во рерна на 200 степени околу 15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови