Вкусни, декоративни корпиња.Топло ви ги препорачувам. :)

Месото се маринира. Се премачкува со сенф и малку масло, се зачинува со сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер. Се убаво се трие и се остава преку ноќ во фрижидер.
Го пропржуваме пилешкото месото исечено на коцки на плитка мрснотија.
Кога ќе побели месото, промени боја, го додаваме ситно сецканиот кромид.
Кога ќе омекни кромидот, се додаваат сецканите шампињони. Се додава мешан зеленчук и се продолжува со динстање во течноста што ќе ја испуштат. Се готви на умерен оган, со покриен капак, со повремени промешувања.
Кога течноста целосно испарила, се запржува цела смеса на кратко.
Се додава киселата павлака и малку кари.
Се готви уште малку.
Се трга од оган.
Калап за мафини го премачкуваме со малку масло.
На секое парче леб му ја отстрануваме кората и со оклагија го танчиме.
Го ставаме во длабнатинката од калапот. Така постапуваме со сите парчиња леб.
Ги полниме со готовиот фил.
Им нанесуваме по малку рендан кашкавал и оригано.
Ги ставаме во загреана рерна на 200 степени.
Се печат додека кашкавалот се растопи и порумени.
Нека одморат малку во калапот и послужете топли.
Подеднакво вкусни и кога целосно ќе изладат. :)
На здравје!
*Од оваа доза излегуваат 12 корпиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани