Нешто највкусно што излегло од мојата кујна, а наједноставно. Си направивме со син ми за доручек, односно мама направи, а тој беше пресреќен и дур јадеше цело време велеше по битолски МНОГУ УБО МАМА, ПАК ДА НАПРАЈШ ПОСЛЕ хехехех
Јас искористив само третина леб од долг багет и состојките се за таа количина.

Се сечи багетот на половина по хоризонтала и се вади средината.
Се премачкуваат длабнатинитите со ајвар.
Се става на средина по една виршла.
Врз виршлата се нанесува сенф.
Одозгора обилно се става ренданиот кашкавал и јајцето.
Се поросува оригано, а краевите на лепчето се премачкуваат со путер.

Се печат кратко на 200 степени додека да поруменат.

Инаку може да користите и друго зајре, син ми е мерак на виршли и затоа ја направив оваа комбинација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови