За мене највкусни риби се скуша и лосос. Затоа и често ги готвам и уживам во нивниот вкус!

Зависно од потребите, прилагодете си ја количината на скуши.

1. Скушата се чисти од внатрешноста и добро се мие.
2. Се сецка лукот и магдоносот и се полни скушата со нив.
3. На фолија се напрскува масло, се става одозгора рибата. Се зачинува со црн бибер и сол по вкус.
4. Се става во загреана рерна на 220 степени, околу половина час. Потоа горниот дел од фолијата се трга и се остава уште 10тина мин да се запече одозгора, за да фати убава коричка.

Лесен и брз рецепт, кој не бара многу техника за подготовка, а на крај добивате вкусен ручек или вечера.
Одлично иде во комбинација со свежа рендана зелка, зачинета со лимонов сок и црн бибер. Врз рибата може да прелеете дополнително со лимонов сок.

*За оние кои се на хроно исхрана, ова е одличен предлог за ручек или вечера.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови