Тиквичките измијте ги и по должината исечете ги на половина. Со помош на лажица извадете ја средината и оставете ја на страна за понатамошното готвење. Наредете ги во тава намачкана со масло, посолете ги со малку сол и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Додека се печат подгответе го полнењето.

Кромидот и пиперката исецкајте ги и пропржете ги во 5-6 лажици масло. Потоа додајте ја средината од тиквичките и доматот исецкани на помали парченца. Пржете ги со повремено мешање да омекнат. Додајте ливчиња босилек и сол по вкус.Тргнете ги на страна.
Тиквичките извадете ги од рерната и наполнете ги со зеленчукот. Вретете ги во рерна да се печат уште 20-на минути. При крајот извадете ги и посипете по малку кашкавал и вратете повторно колку да се стопи кашкавалот.

Вака подготвените тиквички послужете ги како посно главно јадење со некоја свежа салата или како прилог на рибни прсти, риба или месо.

Забелешка
Тиквичките што ќе ги изберите е најдобро да бидат помали и помлади за да имаат помалку семки.
Количината и големината на зеленчукот изберете го самите според вашите потреби.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани