Полжавчињава се многу лични и вкусни.
Доколку се користи маргарин може да бидат и посни.
Јас користев путер.

Во топлата вода го додаваме шеќерот, квасецот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме малку да запени.
Во вангличка ги соединуваме квасецот, солта, маслото и постепно додаваме брашно.
Замесуваме мазно нелепливо тесто.
Го покриваме со проѕирна фолија и оставаме да се дуплира.
Потоа го делиме на 5-6 топчиња.
Секое топче го премачкуваме со путер (маргарин) и ги редиме едно врз друго.
Спанаќот кратко го бланшираме, многу убаво го процедуваме со рацете.
Додаваме сол и бибер и растопениот путер.
Јас на кратко го ставаив во нутрибулет.
Од купчето тесто расукуваме голема правоаголна кора, која ја премачкуваме со подготвениот фил.
Виткаме ролат.
Го сечеме на парчиња, со дебелина одприлика на 1 цм.
Ги редиме во плех.
Ја вклучуваме рерната на 200 степени и од кога ќе се загрее ги печеме околу 20 минути.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани