- Сторената (стасаната) зелка се сечка на ситни парчиња при што
се отстрануваат тврдите делови од лисјата и средишниот дел.
- Ловоровиот лист не се става задолжително, тоа е по желба и вкус.
- Сечканата зелка се става во тава, се зачинува со црн пипер, се става масло и расолница колку да се покрие расолот.
- Тавата се става во рерна да се крчка околу час и половина на 190 степени.
- Во меѓувреме свинското месо се сечка на коцки, се запржува со масло и малку вода. Се пржи додека убаво да се испржи и порумени.
- Откако сторената зелка се печеше час и пол, се вади од рерна, се става црвениот пипер запржен со малку масло, се става испрженото месо.
- Ако е испарена течноста се достава расолница или само вода (зависно колку е солена самата зелка), се меша убаво сето и пак се става во рерна да се крчка уште околу 1 час со повремено промешување додека да се потпече.
- Зависно од тоа колку сакате да е густо, регулирајте го додавањето на расолница или вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови