Од сите наведени состојки за тесто се замесува средно - меко тесто, кое се удира неколку пати од работната површина при месењето.
Се остава на топло да го дуплира волуменот.
Потоа се дели на два еднакви дела. Од едниот дел се вади едно топче, кое ќе се стави во средината. На ист начин си го делиме и маргаринот.
Од првиот дел вадиме 6 топчиња, а од вториот 5.
Сите нежно ги премачкуваме со масло, да не фатат коричка.
Секое топче се отвора во круг, се премачкува со маргарин.Се редат едно врз друго.
Се ставаат во намрсена тава бр.36 со маргарин и се засекува на 8.
Се враќаат краевите на назад.Тоа се гледа од фотографиите.
Исто се прави и со вториот дел.
А третиот дел се отвора правоаголно, се премачкува со маргарин, се рола и се сечи по должина и се испреплетува.Се витка во круг и се става во средина.
Обликованата погача се кисни 45 мин.
Се премачкува со разматена жолчка и се наросува со сусам и ким.
Се печи во загреана рерна 15 мин. на 220 степени, па се намалува на 180 и се печи уште 35 мин..Вкупно околу 50 мин.или зависно од вашата рерна.
По 15 мин.може да се отвори рерната, да се заврти тепсијата и по потреба да се покрие со алу фолија.
После печење-нежно се премачкува со водичка и се “задушува“.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани