Прво го подготвуваме филот.
На загреано масло го пржиме сецканиот праз да зарумени.
Го зачинуваме и тргаме од оган.
Додаваме јајце и сирење и соединуваме.
Сега во вангличка ги ставме квасецот, шеќерот, солтта, маслото, јајцата и кратко со вилушка соединуваме.
Постепено додаваме брашно и замесуваме нелепливо тесто, но истото треба да биде замесено понамеко.
Не го оставаме да втаса туку веднаш го делиме на 3 топки.
Секоја топка ја делиме на 5 топчиња.
Со помош на нишесте расукуваме мали корички.
Редиме на 3 места по 5 корички.
Го земаме првото купче и сучиме кора со димензии на тавата.
Јас печев во мала правоаголна ростер тава, а може и округла бр 24 или 26.
На малку намастено дно ја поставуваме кората.
Врз неа ставаме половина од подготвениот фил.
Од второто купче сучиме втора кора и ја поставауваме врз филот.
Повторно ставме фил, останатиот дел.
Од третото купче сучиме кора и ја поставауваме врз филот.
Сега погачата ја сечеме на коцки,.
Прелеваме со растопениот путер и лажица масло, соединети.
Веднаш ја ставаме погачата во загреана рерна на 200 степени да се печи околу 30 минути.
Испечена ја вадиме на кујнска решетка, малку да издиши, па ја послужуваме.
Јас користев меко спелтино брашно.
Вие може да користите бело пченично брашно, изборот е ваш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани