Во брашното додадете го јајцето, топлото млеко, сол, малку шеќер, квасец и зејтин. Замесете меко тесто и оставете го да стаса.
Стасаното тесто рассукајте го во една кора, премачкајте ја со путер и изрендајте сирење. Завиткајте ја кората во ролат и сечете на парчиња околу 5 сантиметри.
Наредете во тавче со витканата страна нагоре и оставете на топло место да стаса.
Погачата премачкајте ја со јајце и наросете со сусам и ленено семе. Печете на 200 степени додека не зарумени

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани