Многу сочен миризлив колач е ова,задолжитело пробајте!
1. Прво се матат путерот кој треба да е омекнат заедно со шеќерот и ванилите.
2. Се додаваат јајцата едно по едно
3. Се додаваат пецивото со брашното и солта и се убаво се маша.
4. На крај се додава сок од еден лимон.
Колачот се пече во плех со димензии 20 на 30 цм ,кој е намстен и побрашнет. Се пече на 200 степени дваесет минути.
Печениот колач се сече и се прелева со сок од еден портокал.
Згора се посипува со шеќер во прав и ренданата кора од лимонот и портокалот

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови