Ставете ја леќата во ладна вода да отстои преку ноќ.
Пред да ја приготвите измијте ја и убаво исцедете.
Во сецко ставете ја леќата, кромидот и кимот.
Откако ќе ги исецкате префрлете ги во длабок сад.

Во тава на оган ставете масло да се загрее.
Додајте ги ренданите тиквичка и морков и сецканото лукче.
Кратко пропржете само колку да омекнат малку.
Оставете да подолади, а потоа додајте ги во садот со леќата.

Додајте го пецивото, куркумата и магдоносот.
Промешајте, па постепено додавајте лебни трошки.
Додавајте додека добиете смеса од која можат да се оформат плескавиците.

Со намрснати раце земајте од смесата и формирајте ги плескавиците.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Пемачкајте ги со маслиново масло.

Печете на 200 степени, 15-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани