Исклучително, брзи и многу вкусни пилешки плескавици.
Пробајте ги.

Прво измиениот пилешки стек го сецкаме на ситни коцки.
Ги зачинуваме со зачин и свежо мелен бибер.
Ги оставаме на страна.
На малку загреано маслиново масло ги пржиме шампињоните исецкани на листови.
Од кога се готови ги оставме да се изладат.
Сега во еден сад ги соединуваме пилешкото месо, шампињоните, јајцата, сецканиот кромид, брашното, магдоносот, ренданиот кашкавал.
Ставаме зачини по потреба, внимавајте бидејќи и кашкавалот е солен.
Убаво ја изедначуваме смесата и ја оставаме во фрижидер..... и одиме на работа.
Во една касерола ставаме 3 компири, 1 морков, 1/4 корен од целер.
Ставаме да се варат, нив ќе ги искористиме за пире како прилог, со парченце путер ,сол и млеко.
Сега земаме тава, налеваме малку масло.
Со помош на лажица вадиме од смесата и ги пржиме плескавиците на умерен оган, за да заруменат од двете страни.
Ги редиме на хартиени салфети.
Ги сервираме со прилог од зеленчуково пире, млад кромид... и толку.
Ручекот е готов за 20-25 минути.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани