Најпрво ја вариме леќата и киноата, бидејќи одприлика им е потребно исто време за варење (околу 20 минути), може и заедно да ги сварите во малку посолена вода. Киноата убаво измијте ја во неколку води. Јас за варењето ставив повеќе вода, па потоа убаво ги исцедив од вишокот.
Кога се убаво исцедени, може да ги изблендирате, но и не мора, бидејќи во варењето ќе се распаднат. Додајте ги другите состојки, измешајте и видете дали е многу леплива смесата, во тој случај додадете уште малку брашно/презла.
Јас плескавиците ги печев во Стоун леџен мултунаменската тава, на 200 степени околу 25 минути и еднаш ги превртив. Доколку немате нелеплива тава, а сакате без масло да ги испечете, користете хартија за печење.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови