Нешто превкусно, нешто необично, Дојрански специјалитет од икри од крап. Во вкусот се како плескавици од тиквиња со вкус на риба, многу убави и ровки. Икри од крап можете да најдите или да си нарачате во подобро снабдени рибарници.

ПОДГОТОВКА

Подготовката е едноставна, се мешаат сите состојки убаво додека не се изедначи смесата.
Потоа со лажица земајте од смесата и ставајте во врело масло да се пржи убаво од двете страни додека не заруменат.
Готовите плескавици вадете ги на хартија за да се исцеди вишокот масло и обавезно аранжирајте ги со многу лимон.
Пред јадење, исцедете лимон врз плескавицата.
Можи да се комбинира со сите комбинации со риба-ориз, компир или блитва и обавезно свежа салата.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови