Предлог за прекрасен, интересен и поинаков начин на подготовка на печено пиле со пиво.

Прво на пивското шише му ја одстрануваме етикетата и убаво го миеме.
Потоа во еден сад ги соединуваме сите состојки за маринадата.
Со помош на четка цело пиле во внатрешноста и однадвор го премачкуваме убаво.
Го оставаме во фрижидер да одстои 1-2 часа.
Потоа пивото го отвораме и го поставуваме пилето исправено.
Во шишето ставаме и 1 лажиче сол за да одпочне со вриење.
Околу пилето редиме компир, морков, зачинуваме.
Го печиме околи 1,5-2 часа на 200 степени, односно додека не зарумени.
Го сечеме на парчиња.
Сервираме топло

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани